Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, July 3, 2014

Повик за учество на комеморацијата на Ромскиот геноцид!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на комеморацијата по повод 70-години од Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.

Повик за учество на младински проект во Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за своите членови за учество на младинскиот проектот „Thaj amen sijam sar tumen“. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.