Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, May 29, 2015

Повик за млади Роми-истражувачи

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација распишува повик за избор на млади Роми-истражувачи во рамките на проектот Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.

Започна реализацијата на новиот проект на РРОМА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација започна со своите активности во рамките на проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“, кои што ќе бидат реализирани до крајот на август 2015 година.

Активностите започнаа со реализирање на информативни средби помеѓу младите Роми, претставници од локалната самоуправа и РРОМА. Целта на средбите е запознавање на присутните со проектните активности, како и нивната имплементација.

Monday, May 25, 2015

Истражување за претприемништвото кај младата Ромска популација

„Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“ се вика проектот на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово. Проектот е дел од проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество (CSF) 2012-2013 и се имплементира од страна на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Здружение на работодавачи Скопје и Алијанса на млади претприемачи од Европската Унија. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат на социо-економско јакнење на младите заради зголемување на нивното влијание врз политиките и програмите за поттикнување на младинско претприемништво.

Friday, May 22, 2015

Тестирајте го своето знаење!!!

РРОМА ви овозможува да го тестирате своето основно знаење за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, а притоа да добиете некои од ексклузивните награди!!!

За да учествувате треба да го решите тестот:

ТЕСТ

1. Кликнете на тестот!
2. Пишете ја вашата е-маил адреса во полето одредено за тоа!
3. Решите го тестот!
4. Добијте некои од ексклузивните награди од нашите колеги од La voix des Roms Париз, т.е. промотивни материјали користени за 16-ти мај 2015 година!

Сите учесници ќе добијат награди, а за најдобрите има „посебен“ пакет на награди!!!

Квизот ќе биде достапен до 01-ви јуни 2015 година!!!



Thursday, May 21, 2015

Еразмус+ тренинг за младинско претприемништво 02-09/05/2015-Сирт,Турција

Тренингот Маке your way  се одржа од 02-ри до 09-ти мај во Сирт-Турција. Тренер беше Матеј Шишмановиќ. На семинарот учество зедоа вкупно 6 земји; Македонија, Турција, Полска, Романија, Бугарија и Хрватска.

Импресии од Хедрлези фестивалот

Триесет млади Роми и не- роми од Македонија, Италија, Бугарија,Германија и Турција присуствуваа на овогодинешната седма по ред интернационална младинска размена која што се случи во Берлин, Германија. Овогодинешната младинска размена имаше за цел преку интеркултурни активности да ги обедини младите за подобрување на заедничкиот дијалог и меѓусебната надворешна соработка, како и традиционално да се одбележи фестивалот Хедерлези ( Ѓурѓовден ). Главната цел на интернационалната размена беше да се запознаат младите и младинските организации кои работат на полето на расизмот и дискриминацијата со културата и традицијата на Ромите.