Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, March 31, 2014

"Bring the artistic action with you!"- Интернационална уметничка размена во Берлин за Едерлези 2014

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на своите членови на интернационалната уметничка размена „Bring the artistic action with you!“, која што ќе се оддржува во Берлин од 02-ри  до 12-ти Мај 2014 година.

Оваа меѓународна уметничка размена на млади создава неограничен простор на креативност за 50 млади Роми и не-Роми од 9 земји (Македонија, Албанија, Турција, Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Бугарија и Германија). Во текот на 11 дена, младите луѓе ќе се создадават своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.




Wednesday, March 26, 2014

Повик за интернационален семинар во Албанија!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Lets Break the Barriers Together  кој што ќе се оддржува во Поградец (Албанија) од 17-ти до 25-ти Април 2014 година. Семинарот е наменет за млади луѓе од 18 до 31 година, Роми и не-Роми и има за цел да ги спои младите Роми и не-Роми од Албанија, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина и Турција за да ги кршат бариерите заедно. Исто така, семинарот има за цел:


• да разменува искуства за состојбата на Ромите низ различните европски земји
• да им даде можност на младите да го дигнат својот глас и да ја кажат реалната состојба во која тие се наоѓаат
• едуцирање на своите врсници и уривање на митовите за Ромската заедница

• да се зајакне дијалогот помеѓу младите Роми и не-Роми