Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, August 18, 2016

Младинска размена “Talentube” - Малага 2016

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Talentube“ која што се оддржува од 26 септември до 02 октомври 2016 година во Малага, Шпанија.

Tuesday, August 16, 2016

Повик за учество на обуката во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“

РРОМА објавува повик за учество на меѓународната обука, која што се оддржува во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
- институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
- корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.

Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).

Sunday, August 14, 2016

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “Act intercultural 2 ” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена Act intercultural 2 која што  ќе се оддржува од 12 до 20 септември 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милчовени-Романија.

Monday, August 1, 2016

КОНКУРС за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:


К О Н К У Р С
за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество во РМ за 2016 година

Краен рок за поднесување на апликации:

15 август 2016 година