Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, February 2, 2010

The most Roma-friendly mayor 2010

We are looking for the most Roma-friendly mayor in the north-east of Macedonia! The competition intends to make best practice examples visible and to show how local authorities and the Roma community can come together. More information following below in macedonian language:


Во рамките на интернационалната кампања за почитување на граѓанството на СИТЕ во ЕДНО ОПШТЕСТВО „Типичен Ром?“ поддржана од ЕРГО мрежата

ЗГ „Рома Прогрес“-Организациона единица огранок

Ромска Образовна Младинска Асоцијација-Кратово

РАСПИШУВА КОНКУРС

За избор на „Најпријателски Ромски Градоначалник“ од северо-источниот регион на Република Македонија

Во рамките на својата кампања „Типичен Ром?“(www.typicalroma.eu), ЕРГО мрежата е по потрага на најдобрите примери за тоа како можат локалните авторитети и Ромската заедница заеднички да функционираат и приближуваат едни кон други. Изборот се организира во пет земји (Албанија, Бугарија, Молдавија, Романија и Македонија).Номинирани се 12 општини од северо-источниот регион на РМ (Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Штип, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово).

Награда

Петте најдобри градоначалници од петте земји учеснички, како и по еден претставник на Ромската заедница од нивниот град ќе бидат поканети да присуствуваат 2 дена (плус 2 дена патување) на 2-иот Европски Ромски Самит во Кордоба, Шпанија, особено на ЕРГО настанот. Се очекува од победниците да имаат своја презентација во Кордоба или да присуствуваат на некој јавен настан. Тие имаат еден ден слободен за шетање и разгледување на знаменотистите на Кордоба.

Нивното патување и сместување е покриено од страна СПОЛУ Интернационалната Фондација (www.spolu.nl) , која воедно е и покровител на кампањата.

Критериуми и документи за аплицирање

За да учествувате во изборот потребно е:

· Да испратите апликација одговорајќи на подолу наведените прашања

· Исечоци/извештаи/одлуки/документи кои ги поткрепуваат вашите одговори

· Изјави/Евалуација од страна на Ромската заедница однесувајќи се на вашата општина

· Слики

Одговорете на следните прашања:

  1. Опишете ја вашата општина, притоа ставајќи акцент на Ромската заедница во вашата општина (доколку располагате со дата-база за Ромската заедница, пожелно би било да ја приложете истата)

  1. Атмосфера: Каква е меѓуетничка состојба во вашата општина?

· Опишете настани, средби и дијалог помеѓу Ромите и Не-Ромите од вашата општина

· Како општината се справува со Ромската заедница?

· Кое е нивото на доверба помеѓу локалните власти и заедниците од вашата општина (мислејќи притоа во процесите на донесување на одлуки, соработка)

  1. Учество и Дијалог: Како ги вклучувате и го зајакнувате учеството на Ромската заедница?

· Дали претставници од Ромската заедница учествуваат на општинските состаноци?

· Колку пати досега градоначалникот ги посети Ромските заедници?

  1. Ромска стратегија: Што мислите за националната стратегија на Ромите?

· Што направивте досега однесувајќи се на таа стратегија и генерално за Ромската заедница?

· Работа на општината: Како ги работевте и реализиравте барањата на вашите заедници (за време на последниот мандат)?

· Финансии: Кои се сегашните и идните инвестиции (планови) за Ромите во вашата општина?

  1. Вработување: Колку Роми се вработени во вашата општина и на кои позиции?

  1. Образование: Каква е ситуацијата со образованието кај Ромските деца и младници и како го поддржувавте образованието?

  1. Зошто вашата Ромската заедница би ве одбрале како „Најпријателски Ромски Градоначалник“?

Рок за аплицирање

Крајниот рок за прибирање на апликациите е 26.Февруари.2010 година (Петок)

Апликациите се испраќаат со дознака Градоначалник 2010 на адреса:

Р.О.М.А.-Кратово

Ул.Тошо Куковски бр.36

1360 Кратово

Или на e-mail адреса: romskigradonacalnik@gmail.com

Објавување на резултатите

Комисијата за избор составена од претставници на граѓанскиот сектор на РМ, новинари, претставници од институциите на РМ своите резултати ќе ги објави на 08.03.2010 година (Понеделник).

Добитникот ќе биде контактиран од страна на националниот координатор на кампањата „Типичен Ром?“.