Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, November 1, 2012

Номинации за изборот на НАЈИСТРАЈНА РОМСКА ЖЕНА 2012

Во рамките на проектот „Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација распишува конкурс за номинации на НАЈИСТРАЈНА РОМСКА ЖЕНА 2012.

Изборот има за цел да ја покаже реалноста со која се соочуваат Ромските жени и девојки, но и да ја промовира нивната истрајност и аспирации за успех.


Што треба вие да сторите?

Да номинирате некоја жена/девојка од вашата локална заедница за која што мислите дека има интересна сторија за споделување и да одговорите на подолунаведените прашања!
  1. Ваше име и презиме и општина од која што доаѓате;
  2. Името и презимето на личноста која што сакате да ја номинирате и нејзиното место на живеење;
  3. Сторијата која што сакате да ја споделите за неа;
  4. Прикачете слика од жената/девојката што ја номинирате (пожелно е да биде некоја динамична, активна слика);
  5. Приложете две изјави – сведоштва за номинираната жена/девојка. Сведоштвата имаат за цел да го потврдат тоа што вие го велите за „вашата“ номинирана личност. Односно, да дадат образложение за сторијата и зошто таа личност претставува позитивен пример за заедницата.

Формат за аплицирање нема! Сè, се сведува на вашата креативност! 
Дали ќе испратите апликација по пошта, powerpoint презентација или пак кратко видео, зависи од вас и вашата креативност.

Кој може да биде номиниран?

Сите оние над 18 години (вашите мајки, тетки, учителки, сестри, другарки и сите оние за кои вие сметате дека ја заслужуваат титулата за Најистрајна Ромска жена).
НАПОМЕНА: Не може да се номинирате самите себе си!

Краен рок за номинирање!

Сите ваши номинации треба да пристигнат до 30-ти Ноември 2012 година до 17.00 часот на следнава адреса:
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација – Кратово
Тошо Куковски бб
Пфах 32, 1360 Кратово
Целна дознака: Избор 2012

Или пак на е-маил адресата: info@rromassn.org со предмет: Избор 2012

Награда: 
Најистрајната Ромска жена ќе добие авионска карта и хотелско сместување во Брисел + 100 евра џепарлак и можност да ја сподели својата сторија со останатите жени од проектот „Нашето место, Нашиот простор, Нашиот случај“ на платформата на ЕРГО.