Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, October 7, 2013

Повик за интернационален семинар во Полска!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Meet! Share! Improve! Come together for Roma Youth”  кој што ќе се оддржува во Вроцлав(Полска) од 07-ми до 12-ти Ноември 2013 година. Семинарот ги опфаќа темите за младинското исклучување и дискриминација поради одредена етничка припадност и потрагата по работа на пазарот на трудот. 



Профил на учесници:
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 27 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади
  • Да имаат желба да работат во мултикултурна група
  • Задолжително познавање на англискиот јазик!
За да се пријавите:


Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 11-ти Октомври, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: ROMA YOUTH 2013. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:

Вроцлав од 07-ми до 12-ти Ноември 2013 година!

Околу трошоците:

70% од патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: 70 % од патничките трошоци, 100% трошоците за сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!