Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, October 20, 2014

Повик за учество на младински проект во Германија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА објавува повик за учесници на младински проект во Манхајм, Германија. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Некарлец“ и центарот за документација и култура на германските Синти и Роми во Хајделберг.



РРОМА бара ...
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 27 години
  • Да имаат желба да работат во мулти-култи групи
  • Да поседуваат „уметнички“ или „истражувачки“ вештини, односно да сакаат да работат во групи за стрипови, видео, медиуми и интернет
  • Да сакаат да научат за геноцидот
  • Да знаат англиски!
Како да се пријавите?
  • Потполнете го следниот формулар на линкот, најдоцна до 3-ти ноември 2014 година, 16.00 часот! 
  • Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Кога се оди за Германија?
  • Учесниците ќе тргнаат на 8-ми декември, а ќе се вратат на 15-ти декември 2014 година!
А, трошоците ...!?
  • Трошоците ќе бидат покриени од страна на организаторите! Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување, како и да си ги покриете трошоците до договореното место за поаѓање!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!