Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, April 29, 2015

Годишно собрание на РРОМА

На 29.04.2015 во просториите на РЦОР се одржа годишното собрание на РРОМА. Состанокот се одржуваше по следниот дневен ред:

  1. Предлог извештај за работата за 2014година;
  2. Предлог завршна сметка за 2014 година;
  3. Предлог програма за работа за 2015 година и
  4. Тековни прашања.

Во овој период беа потрошени: 1.625.358,00 денари. Овие средства беа употребени за администрација, покривање на тековни трошоци, плаќање на канцелариски трошоци, купување опрема, како и реализирање на предвидените активности на РРОМА за 2014 година.

Изминатата година ја одбележаа добиените проекти од новата програма „Ерасмус плус“, проектот „Thaj amen sijam sar tumen“ поддржан од EVZ, исто така проектот од MTV SAF за борба против сидата. Исто така, проектот за Ромскиот геноцид и комеморацијата во Аушвиц беа едни од главните активности на РРОМА.

Главен акцент беше ставен на јакнење на свеста на младите Роми од североисточниот дел на Македонија, преку јакнење на нивните капацитети и нивното учество во реализација на предвидените активности. 

Повеќе информации има на следниве линкови: