Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, March 9, 2016

Младинска размена “Herdelezi stories 2016”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Herdelezi stories 2016“ која што се оддржува од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година во Берлин, Германија.

Оваа билатерална младинска размена им дава можност на 16 млади Роми и не-Роми од Македонија и Германија да работат креативно на создавање на уметнички перформанс за време на традиционалниот Херделези фестивал кој што се оддржува секоја година во Нојкелн, Берлин.


Самите млади учесници се во центарот на случувањата, вклучувајќи се со нивните идеи, предлози, интерес и вештини. Младинската размена настојува да ја разбуди  нивната креативност и самодоверба, да им даде алатки за изразување и можност нивниот глас да се слушне за време на фестивалот!

Работилниците ќе се оддржуваат на различни локации во Нојкелн, Берлин.

Профил на учесници:
- Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 25 години;
- да имаат желба за работа на уметнички перформанс;
- да имаат желба да споделуваат знаење и научат повеќе за Ромската култура;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
- Работен јазик е англиски, но ќе се употребуваат Ромски јазик, како и останати ех-ју јазици!

Сместување и патни трошоци:
- Учесниците ќе бидат сместени во младински хостел во Берлин, со бањи и тоалети на спрат;
- Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите;
- Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!

За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 20-ти март, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:
Берлин од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година!


Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!