Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, June 3, 2016

Повик за учество на обуката YEAP-Youth empowerment, action and participation!

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел преку употребата на неформално образование да ги информира младите за процесите на демократија, почитување на човековите права, правото на информирање и пристап до информации од јавен карактер, правото на глас и избор, како и за нивните права како граѓани на своите општини. Учесниците на обуката ќе креираат свои планови за акција, кои што по завршувањето на обуката ќе можат да ги реализираат во своите општини.
Исто така, обуката ќе овозможи простор за дружба со учесници од Германија, Чешка, Италија, Литванија, Летонија, Турција, Австрија и Бугарија! 
Обуката ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 11-ти до 18-ти јули 2016
Можат да се пријават:
- млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 35 години;
- младински работници, волонтери, активисти
- работен јазик е англиски 
Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 10-ти јуни (18.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за YEAP!
Сите трошоци поврзани со обуката се покриени од страна на организаторот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!