Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, October 25, 2016

Повик за семинарот "Ambassadors Plus" - Леон, Шпанија

РРОМА објавува повик за семинарот "Ambassadors Plus" која што се оддржува во Леон, Шпанија од 6 до 12 ноември 2016 година.

Проектот има за цел да ја промовира европската мобилност на локално ниво. Како крајна цел, учесниците ќе креираат обука во рамките на Е+ програмата која што ќе ги вклучи сите 9 партнер-организации од Шпанија, Македонија, Романија, Франција, Италија, Грција, Арменија, Полска и Бугарија.

Исто така, ќе се истражуваат сите аспекти на Е+ програмата, со посебен акцент на социјалната инклузија и кохезија, како и младинското учество.

Учесниците ќе се стекнат со знаење и информации:
- за сите акции во Е+;
- како да креираат партнерства на европско ниво;
- да разменат добри пракси на европски младински проекти;
- да размислуваат и креираат стратегии за промоција на европската мобилност на локално ниво;
- да ја промовираат и размислуваат за идејата на креирање на европска мрежа на Е+ амбасадори.

Профил на учесници:
- млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години
- да имаат искуство во европски младински проекти и Е+
- да работат во мултикултурна средина, без предрасуди
- работен јазик е Англискиот
- да подготват извештај по завршувањето на проектот за потребите на РРОМА.

Трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите!

За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 28 октомври 2016, 23:59 часот!
Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:
Леон од 6 до 12 ноември 2016 година!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купен билет за патување за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истиот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!