Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, March 8, 2013

Продолжува кампањата „ Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“


Продолжува кампањата за зајакнување на Ромската жена во општеството спроведена од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација со наслов „ Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“.

Базирајќи се на својот пристап на креативно истражување со употреба на веб 2.0 алатки, РРОМА ќе се концентрира на истражувања кои ќе ги опфатат општините Кочани, Виница, Велес, Штип, Берово, Пехчево со Црник. Истражувањата ќе имаат за цел да ја мониторираат вклученоста и правичната застапеност на жените во избирачкиот процес, паралелно со тоа и да ја истражуваат улогата на локалните комисии за еднаквост помеѓу мажите и жените за заштита од дискриминација базирана на полова и етничка припадност.


Базирајќи се на идејата на агентките на промена и девојките кои што беа вклучени во претходното истражување, РРОМА ќе собира и обработува стари Ромски детски приказни и песни. Колекцијата на приказни и песни ќе биде објавена и понудена на локалните библиотеки во регионот и пошироко.

Паралелно со активностите на кампањата, ќе се спроведуваат активности за промовирање на он-лајн платформата Romareact.mk.

Официјално кампањата започна на 1.Јуни, 2012 во Брисел, каде што младите Ромки од Македонија заедно со останатите партнери имаа средби и активности со личности од Европските институции.