Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, March 27, 2013

Повик за учество на стрип работилница


Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на стрип работилница


Кој може да земе учество?

Можат да земат учество сите заинтересирани млади од 16 до 25 години. Бројката на учесници е ограничена.



Како да се пријавите?

Испратете го следниот формулар најдоцна до 3-ти Април 2013 (среда) на следниов е-маил:info@rromassn.org со предмет: Стрип 2013

* Откако ќе кликнете на линкот, за да може да го симнете и потполните формуларот, кликнете на File и одберете Download или CTRL+S

Обуката ќе се оддржи на 6-ти и 7-ми Април 2013 година во Пробиштип. 

Сите изработени стрипови од страна на учесниците ќе бидат објавувани од страна на РРОМА, а сите учесници ќе добијат копија од својот стрип!