Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, July 1, 2013

Повик за учество на проект за комеморација на Ромскиот геноцид

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на проектот „Pravde Jakenca“ (со отворени очи). Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку театар, употреба на новите социјални медиуми, цртање на графити и стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network „DIK I NA BISTAR!“ во Краков, Полска.



Бараме ...
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 17 до 26 години
  •  Да имаат желба да работат во мулти-култи групи
  • Да поседуваат „уметнички“ или „новинарски“ вештини, односно да сакаат да работат во групи за театар и музика, графити, стрипови и скулптура, медиуми и интернет
  • Да бидат подготвени за дружење и добра забава со младите од Германија, Полска и Албанија
  • Да сакаат да научат за геноцидот
  • Да знаат англиски!
Како да се пријавите?

Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 5-ти Јули, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: Pravde Jakenca 2013. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Кога се оди во Полска?

Сите учесници треба да пристигнуваат во Полска на 24.07.13, а ќе се вратат на 04.08.13.

А, трошоците ...!?

ТИЕ ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување, како и да си ги покриете трошоците до Кратово, односно местото од каде што ќе се појде!
*Трошоци кои се покриваат се: Авионските карти, сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да си ги покриете патнички трошоци до Кратово, односно местото на поаѓање.
Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!


ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!