Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, July 10, 2013

Повик за учество на младинска размена во Турција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинска размена во Кочаели, Турција под наслов „ Let's get together against racism!" Размената има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со проблемите на дискриминација и расизам, но во исто време да им понуди алатки со кои можат да ги адресираат и се борат против разните стереотипи и предрасуди.




Бараме ...
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години
  •  Да имаат желба да работат во мултикултурна група
  • Да бидат подготвени за дружење и добра забава со младите од Турција, Романија, Србија, Хрватска, Јордан, Азербејџан и Грузија
  • Да сакаат да ги адресираат проблемите на дискриминација и расизам
  • Да знаат англиски, но и турски нема да е вишок :)
Како да се пријавите?

Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 15-ти Јули, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: Against Racism 2013. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Кога се оди во Турција?

Сите учесници треба да пристигнуваат во Турција на 18.08.13, а ќе се вратат на 23.08.13.

А, трошоците ...!?

70% од патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: 70 % од Авионските карти, сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!