Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, April 26, 2017

Повик за учесници на "DIKH HE NA BISTER 2017"

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на овогодишниот настан за комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, кој што ќе се оддржи во Краков, Полска со посети на музејот "Аушвиц". Истиот се оддржува од 29 јули до 4 август 2017 година.

Tuesday, April 18, 2017

Повик за младинска размена по повод Херделези

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинска размена по повод Ромскиот празник Херделези, која што ќе се оддржува во Берлин од 06 до 15 мај 2017 година. Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата.
Оваа меѓународна размена на млади создава неограничен простор на креативност за 30 млади Роми и не-Роми од 5 земји (Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија и Германија). Во текот на 10 дена, младите ќе имаат можност да креираат своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.

Thursday, April 6, 2017

Повик за учество на проектот "Inclusion workers"

РРОМА објавува повик за учество на проектот "Inclusion workers" кој што се реализира во партнерство со 10 младински организации од Македонија, Италија, Романија, Полска и Чешка, предводени од Tmelnik o.s од Чешка. Проектот е поддржан од националната агенција на Република Чешка и Еразмус плус програмата.

Monday, April 3, 2017

РРОМА помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово се најде помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција организирани од директоратот за преговори и проширување на Европската комисија. Доделувањето на наградите  се случи на 28 март 2017 година во Брисел, каде што РРОМА го доби второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира...Заштити се!“.