Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, August 27, 2015

Оддржана презентација на резултатите од проектот за младинско претприемништво

На 26-ти август 2015 година во просториите на хотел Кратис, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација оддржа настан за презентирање на постигнатите резултати од проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.

Thursday, August 20, 2015

Завршен настан во рамките на проектот за младинско претприемништво

На 26-ти август 2015, со почеток од 13.00 часот во хотел Кратис ќе се оддржи завршниот настан на РРОМА во рамките на проектот за младинско претприемништво.

Проектните активности беа насочени кон откривање на меѓусебниот однос на претприемништвото и активното граѓанство со фокус врз младата ромска популација од 5 општини (Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани) и истражуваа до која мера вработувањето/невработеноста кај младата ромска популација влијае врз нивната мотивација за учество во општеството, како и дали дискриминацијата влијае врз развојот на претприемништвото меѓу оваа популацијаПроектот е финансиран со фондови од Европската Унија, преку проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи.

Поканата и агендата за настанот на РРОМА можат да се најдат тука.

Ве очекуваме!

Saturday, August 15, 2015

Одбележен меѓународниот ден на младите

Во рамките на проектот „Креативноста како алатка за младинско зајакнување“, чиј што домаќин беше Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Амаро Форо од Берлин се оддржа акција за одбележување на меѓународниот ден на младите* во Охрид.


Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.

Креативноста на младите, кои се поделија во повеќе групи можеше да се забележи низ улиците на Охрид. РРОМА е горда што можеше да го организира тренингот и соработува со толку прекрасни млади луѓе.



muce10's International Youth Day 2015 album on Photobucket
*На 17 декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој.  Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ОН го прогласи 12 август за Меѓународен ден на младите.

Saturday, August 1, 2015

Повик за учество на младински проект во Шпанија

РРОМА објавува повик за учесници на младински проект, кој што се оддржува во Шпанија од 17-ти до 25-ти август 2015 година. Проектот е поддржан од Ерасмус плус програмата. Се бараат 3 девојки, 3 машки и лидер на група!