Не гледај од страна! Учествувај!

Saturday, June 18, 2016

Заврши младинската размена Zor Romani

Млади од шест Европски држави (Полска, Бугарија, Албанија, Македонија, Италија и Шпанија) присуствуваа на младинската размена која се случуваше од 8-ми до 13-ти јуни во Барселона. Младинската размена обедини повеќе од 26 учесници со различни културолошки идеологии и погледи кон светот. 

Wednesday, June 8, 2016

Повик за учество на меѓународна обука "EUROMED Express"16:Social Entrepreneurship and Culture of Peace"

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Турција со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел да помогне во создавањето на нова генерација на младински работници, кои што како активни граѓани ќе придонесуваат за оддржлив развој на своите заедници и да постигнуваат конкретни ефекти помагајќи ја транзицијата во Евро-медитеранските земји.
На обуката учество ќе земат млади од 13 земји. За повеќе информации, прочитајте го пакетот со информации.

Friday, June 3, 2016

Повик за учество на обуката YEAP-Youth empowerment, action and participation!

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел преку употребата на неформално образование да ги информира младите за процесите на демократија, почитување на човековите права, правото на информирање и пристап до информации од јавен карактер, правото на глас и избор, како и за нивните права како граѓани на своите општини. Учесниците на обуката ќе креираат свои планови за акција, кои што по завршувањето на обуката ќе можат да ги реализираат во своите општини.
Исто така, обуката ќе овозможи простор за дружба со учесници од Германија, Чешка, Италија, Литванија, Летонија, Турција, Австрија и Бугарија!