Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, November 20, 2017

РРОМА има нов младински волонтер!

Во периодот што следи со РРОМА ќе работи новиот младински волонтер Надир Усеин. Надир ќе работи заедно со нас на исполнување на нашата мисија, а пред се на тоа младите да бидат млади и да уживаат во можностите кои што им ги нуди РРОМА!
Во прилог следи кратко претставување од страна на Надир :)

Thursday, November 16, 2017

Повик за младинската размена "The Intercultural Journey"

РРОМА објавува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации од областа на вработувањето, односно младите да се подготвуваат како да се соочуваат со „суровата“ реалност за барање работа, подготовки на CV и интервјуа.
Но, исто така преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Шпанија, Романија, Италија и Литванија).

Wednesday, November 15, 2017

Средба со министерот Самка Ибраимоски

Претставници на организациите-членки на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ на 14 ноември оддржаа работен состанок со Министерот Самка Ибраимоски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Се оддржа работен состанок на коалицијата во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“

Од 10 до 13 ноември 2017 година во хотел Тино во Охрид се оддржа работен состанок на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.