Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, October 27, 2015

Повик за учесници на младинска размена "Telo jek Kham! - Under the same sun!"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.



Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна и сето тоа да се претстави низ очите на младите учесници на 10-ти декември, меѓународниот ден на човековите права.
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).

Sunday, October 4, 2015

Заврши ИЛТА средбата во Македонија!

Од 25-ти до 30-ти септември во Скопје се оддржа работната средба во рамките на проектот „ИЛТА за млади“. На средбата учествуваа партнерите од Македонија, Чешка, Турција, Романија и Франција.