Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, September 8, 2014

Повик за учесници на младинска размена "Inspire Youth Creativity"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на младинската размена е преку креативен хаос да се адресираат проблемите на младите, да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 7 земји (Македонија, Бугарија, Хрватска, Германија, Турција, Романија и Италија).

Tuesday, September 2, 2014

Повик за учество на интернационалната младинска конференција на тема Анти-циганизам!

Романо Центро од Австрија, заедно со РРОМА и партнерите од Албанија, Бугарија, Германија, Полска, Романија, Србија, Унгарија, Чешка и Шпанија ја организираат младинската конференција на тема анти-циганизам од 10ти до 16ти Ноември во Виена, Австрија.