Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, April 18, 2011

Повик за апликации од Мировен корпус


Мировен корпус Македонија оваа година очекува нова група волонтери, коишто треба да започнат со работа во новите училишта почнувајќи од декември 2011.
Ги повикуваме сите заинтересирани училишта да аплицираат во периодот од април до септември 2011. Апликацијата за волонтер можете да ја најдете на веб страницата на Мировен корпус Македонија: http://macedonia.peacecorps.gov .
Доколку вашето училиште има прашања или се интересира за процесот на аплицирање, можете да нè контактирате на следната и-мејл адреса: pcv@mk.peacecorps.gov или на телефон 02/ 3090 012.
Мировен корпус е американска владина организација, која им овозможува на волонтери од Америка да работат 2 години во земји што имаат потреба од помош. Мировен корпус има три цели:
1. Да се обезбедат волонтери што ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
2. Да помогне луѓето од овие земји да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
3. Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите ширум светот.
Во моментов 77 волонтери се дел од програмата на Мировен корпус во Македонија, од кои 44 работат во училиштата во Македонија. Волонтерите живеат и работат во заедниците и заедно со колегите од Македонија значително придонесуваат во развојните проекти во заедниците и образованието. Преку формален меѓудржавен договор и со поддршка на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјала, Министерството за локална самоуправа и Министерството за екологија и просторно планирање, Мировен корпус работи со организациите, општините и училиштата со цел да се реализираат различните потреби на нивните заедници.
Мировен корпус во Македонија има две програми преку кои ги реализира своите активности. Една од програмите е развој на заедниците и во рамките на оваа програма волонтерите работат во општините и невладините организации во Македонија. Во оваа програма волонтерите и нивните локални соработници ги спроведуваат следните активности:
· Развој на мисијата и стратешкиот план на организацијата
· Вовед во ефективна употреба на информатичката технологија (ИТ)
· Промовирање на тимска работа и етика на тимската работа
· Идентификување на локални/регионални/национални/меѓународни соработници, партнери и асоцијации
· Помагање на вработените во воспоставување и одржување на контакти и наоѓање на извори за финансирање
· Обезбедување можности за обука во областа на дизајн и менаџмент на проекти за членовите на заедницата и/или други локални организации
· Извршување на анализи за потребите за обука и реализирање на обуки за вработените
· Помош на вработените во идентификувањето на потенцијалните економски активности за одржување на организацијата
· Асистирање на персоналот во креирање и издавање на промотивни брошури и мултимедијални материјали
Преку програмата за развој на наставата по англиски јазик волонтерите соработуваат со наставниците по англиски јазик во основни и средни училишта во текот на двете години од нивниот престој во Македонија. Во рамките на оваа програма, волонтерите ги организираат следниве активности во соработка со нивните колеги од Македонија:
· Планирање и предавање на часовите по англиски јазик.
  • Спроведување интерактивни активности на часот, коишто се насочени кон активно вклучување на учениците, користење на англискиот јазик на час, како и креативни пристапи во спроведување на наставата.
  • Подготовка на дополнителни материјали како помошни средства во наставата по англиски јазик.
  • Организирање слободни активности, фокусирани на учењето на англискиот јазик, како дополнување на темите на редовните часови.
  • Формирање секции, коишто ќе ја поддржуваат употребата на англискиот јазик: секција за вештини на пишување, драмска секција, бизнис секција, секција за англиски јазик, клуб за американскиот филм, дебатен клуб, новинарски клуб, англиска или американска литературна секција, музичка секција или секција за уметност.
  • Помагање при донации на книги на англиски јазик во училиштето.