Во сабота на 11.06.2011 година во општина Кратово се одржа манифестацијата „Staying Alive 2011“. Организатор на овој настан беше здружението Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, а покровител фондацијата MTV Staying Alive од Лондон и локалната самоуправа на општина Кратово.
Граѓаните на општина Кратово имаа можност да бидат дел од првиот флеш-моб организиран од страна на РРОМА, но исто така и да ја проследат богатата културно-уметничка програма пред платото на Домот на Кулутрата во Кратово, за потоа да бидат дел од музичките настапи на D’Fender’s, Dj Fero и Dj Meshko.
20 ученички од првоодделение при О.У. „Кочо Рацин“ од Кратово имаа можност да ги покажаат своите манекенски вештини пред насобраните граѓани, носејќи парчиња облека дизајнирана од студентите на Технолошкиот факултет во Пробиштип, отсек моден дизајн. Исто така, членките на РРОМА носеа традиционална облека, која што го отсликуваше културнотот шаренило на Република Македонија.
Граѓаните уживаа и во претставата „Конецот“ креирана од страна на членовите на РРОМА. Но, исто така имаа можност да чујат факти и да добијат информации од штандот што наликуваше на кондом околу тоа како да се заштитат од ХИВ вирусот.
Манифестацијата го одбележи крајот на 12-месечниот проект на РРОМА со наслов „Сидата не знае да дискриминира ... Заштитете се!“, но исто така означи и продолжување на истиот проект за уште 3 години со поддршка од страна на MTV Staying Alive Foundation.
Повеќе информации, слики и видеа на:
http://zastitise.blogspot.com/2011/06/staying-alive-2011-festival-in-kratovo.html