Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, March 26, 2013

"МОЈАТА ПРИКАЗНА, МОИТЕ ПРАВА" НОВ ROMAREACT НАТПРЕВАР

Ги повикуваме сите млади Роми да ги споделат своите приказни низ слики преку RomaReact платформата! Ајде момчиња и девојчиња, споделете ја информацијата со вашите пријатели!
Учествувај, натпреварувај се, победи, оди во Брисел, кажи ја својата приказна и нека се слушне твојот глас! Ако сте го пропуштиле првиот натпревар, тогаш ова е вашата втора шанса ;)
За да победите, следете ги трите едноставни чекори:
  • Илустрирајте ја својата приказна со една слика (слика, цртеж или стрип) или со приказна (една приказна раскажана со максимум 6 слики).
  • Уплоадирајте ја на RomaReact платформата или испратете ни ја преку е-мејл, ако немате пристап до интернет можете да ни ги испратите вашите приказни по пошта.
  • Чекајте ги резултатите. Ако победите, ќе се видиме во Брисел во јуни 2013 година!

Ве молиме прочитајте ги внимателно условите и правилата на конкурсот подолу.
1. За што е овој натпревар?
ЕРГО мрежата и Амнести интернешенал повикуваат за вашиот придонес на RomaReact интерактивната мапа за натпреварот "Мојата приказна, моите права" со цел да се истакне гласот на младите Роми на мапата на Европа. Сподели ја твојата приказна со светот, направи сите да  видaт низ твоите очи, кои се Ромите и помогни ни да се бориме против предрасудите и дискриминација кон Ромите.
Натпреварот е отворен од 12 март и ќе трае до 30 април 2013 година.
Натпреварот е дел од промоцијата на кампањата на Амнести интернешенал "Човекови права овде. Правата на Ромите сега ", која има за цел придобивање на ЕУ и владите да преземат посилни мерки за да стави крај на анти-ромската дискриминација и расизам. Кампањата ќе биде промовирана на 4 април 2013 година.
2. Какви приказни бараме?
Мисли скромно, мисли локално, мисли ефективно:
·         Која слика ја имате во предвид кога ќе помислите на човековите права, на вашите права, правата на оние околу вас?
·         Најди интересна приказна од вашиот дом или соседите,
·         Фокусирај се на придонесот на поединецот или група на поширокото општество, или во борбата за еднаквост за вас и вашата заедница.
Тоа може да биде било што околу вас што се однесува на придонесите на Ромите во нивните заедници, а тоа покажува дека Ромите треба да се сметаат за рамноправни членови на општеството, кои имаат права кои мора да се почитуваат. Тоа може да биде од сите сфери на животот - на пример, може да се презентира приказната на еден Ромски студент во класот кој се бори за подобро разбирање на неговите колеги не-Роми студенти и споделување со другите она што значи да се биде Ром, убавината и товарот или приказна за еден Ромски учител, продавачка или уметник што ги тера другите ги разберат и да ги ценат Ромите преку нивната уметност, професија или индивидуален придонес кон општеството.
Приказната треба да претставува позитивен пристап на Ромите поединци и групи кои сакаат подобри односи помеѓу Ромите и не-Ромите и кои бараат еднаквост и права за нив самите, нивните семејства и заедници. Тоа може да биде, исто така, за вас!
Услови и правила
А. Учесниците
1. Овој конкурс е за млади Роми (16 години и погоре) кои имаат било какви вештини за фотографија, слика или цртеж од европска земја (вклучувајќи ја и Турција).
Б. Материјали кои треба да се поднесат:
2. Дозволен е еден влез на натпреварувач. Ве молиме прикачете една слика (фотографија, цртеж или слика) или максимум 6 слики ако прикажувате приказна.
3. Дозволени формати за фотографиите се: JPEG или PDF. Сликите може да бидат и во боја и црно -  бело. Ако прикачувате слика или онлајн цртеж, истите треба да се скенираат и да се прикачат како JPEG формат.
4. Сите записи мора да биде придружени со приложениот формулар, да бидат пополнети од вас со вашите лични податоци (име, презиме, возраст, земја на живеење) и податоци за контакт (поштенска адреса, е-мејл адреса, телефонски број), и со краток опис на слика (максимум 100 зборови) додека се прикачуваат на RomaReact платформата или да бидат приложени во e-mail или веднаш по поднесувањето.
В. Доставување на материјали:
5. За да учестувувате на натпреварот, откако ќе ги прочитате и прифатите условите, можете алтернативно да:
a.       Прикачите слика на RomaReact онлајн платформата на: http://romareact.org/reports/submit. Мора да се најавите со вашиот Фејсбук профил (во спротивно не ќе можате да ја прикачите сликата онлајн).
b.      Ако немате профил на Фејсбук, поднесете ја вашата приказна преку е-маил наromareact@gmail.com . Насловот на вашиот приказна или предмет на вашиот  e-mail треба да започне со "Мојата приказна, моите права Конкурс"
c.       Ако немате пристап до интернет, испратете ја вашата приказна преку пошта на ERGO Network - office Brussels, Rue d’Edimbourg 26, 1050 Brussels (B) тел: +32 (0) 2 893 10 49 или во канцелариите на ЕРГО членовите или во национални канцеларии на Амнести интернешенал во вашата земја.
6. Крајниот рок за поднесување на записи е 30 АПРИЛ 2013 во 23:59.
Г. Избор на победникот и објавување
7. Победниците на конкурсот "Мојата приказна, моите права" ќе бидат избрани од страна на тимот на RomaReact и Амнести интернешенал. Првите десет победници ќе бидат објавени во третата недела од мај (датумот ќе биде потврден) на RomaReact платформата и Амнести интернешенал платформите.
8. Првонаградениот ќе биде поканет во Брисел да учествува во активностите на Амнести интернешенал и ЕРГО мрежата по повод испорака на глобалната петиција на Амнести интернешенел до Европската комисија повикувајќи ја да преземе силна акција за борба против дискриминацијата на Ромите, во јуни ( датумот ќе биде потврден). Сите трошоци (патување, сместување, храна) ќе бидат покриени.
9. Првите 10 победнички приказни ќе бидат промовирани на платформата RomaReact,  платформите на Амнести интернешенал и социјалните медиуми како дел од активностите на кампањата. Првите 10 победници ќе добијат промотивен материјал од Амнести интернешенал и ЕРГО кампањата.
Д. Содржина на материјалот:
10. Сите записи мора да бидат ваш оригинален труд и не треба да биле претходно објавени на друго место во професионални материјали (на пример, фотографии претходно објавени на вашиот Фејсбук и Фликр страници нема да бидат исклучени од натпреварот). Материјали кои што се веќе поднесени за други натпревари организирани од страна на јавни / приватни, национални / меѓународни организации / институции, или чии авторски права се делат со трети лица не може да се поднесат.
11. Вие гарантирате и се обврзувате дека доставените сликите не го повредуваат правото на интелектуална сопственост, приватност, или било кое друго право на било која трета страна. Мора да се осигурате дека секое лице или лица чија слика се користи во записот има дадено валидна согласност за употреба на нивната слика. Неуспех адекватно да се покаже таква согласност може да резултира со дисквалификација на учесникот и одземање на наградата.
12. Со испраќање на сликата до ЕРГО и Амнести интернешенал вие се согласувавате дека ние сме овластени за користење на истата на било каков начин, во било кој медиум во светот. ЕРГО и Амнести исто така може да ги користат нивните дискрециони права да им се овозможи употреба на сликата од страна на медиумите и други надворешни организации / поединци (на пр: НВО) во врска со нашата работа за човекови права.
13. Ако сликата е објавена, ние ќе ги препишеме заслугите на вас. Вие ќе останете носителот на авторските права на сликата и затоа  за вас не постојат ограничувања за користењето на сликата. И покрај тоа ние бараме да не ја користите сликата на било каков начин што може да ја загрози безбедноста или угледот на предметот.
14. Било каква форма на плагијати е забрането. ЕРГО и Амнести интернешенал нема да превземат одговорност за прашања поврзани со авторските права.
15. ЕРГО и Амнести интернешенал го задржуваат правото за користење, репродукција и дистрибуција на поднесоци за некомерцијални цели, како што се истражување, публикации и други кампањски материјали.
16. Не сносиме никаква одговорност за изгубени записи, задоцнети или нецелосни поради функции на серверот или грешки, вирус, бубачки, технички проблеми или застојот на сообраќајот на интернет или било кој други причини надвор од контролата на ЕРГО и Амнести Интернешенал. Доказот за влез, не е доказ за прием.
17. ЕРГО и Амнести интернешенал нема да бидат одговорни за враќање на записите.
18. ЕРГО и Амнести интернешенал го задржуваат правото да ги користат имињата на победниците и фотографиите од нив во однос на промоција на било каков публицитет. Претходно ќе се бара согласност од победниците.
19.Сите лични податоци доставени од вас ќе се користат исклучиво во согласност со тековните податоци и легислативата за заштита на политика на приватност на ЕРГО и Амнести интернешнал  .
20. Победникот треба да поседува валидни патни исправи. ЕРГО и Амнести интернешенал ќе помогнат доколку е потребно виза..
21. Со учеството, вие се согласувате со овие услови и на одлуките на комитетот за избор, чии одлуки се конечни и обврзувачки во сите погледи.

 Дополнителни совети, информации, помош можете да добиете на: romareact@gmail.com

Прилог: лични и контакт детали + опис на фотографија / слика / цртеж

Име: ............................................... Презиме: ............................................................................

Возраст: ................................. Земја на живеење: ......................................................................

Поштенска адреса:

Е-маил:

Телефонски број:

Краток опис на сликата (максимум 100 зборови): ........................................................................

Додај месец и година на раѓање и потпис на родителите ако сте на возраст под 16

Ги прочитав и се согласувам со одредбите и условите од конкурсот "Мојата приказна, моите права"


Потпис ............................................