Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, March 26, 2014

Повик за интернационален семинар во Албанија!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Lets Break the Barriers Together  кој што ќе се оддржува во Поградец (Албанија) од 17-ти до 25-ти Април 2014 година. Семинарот е наменет за млади луѓе од 18 до 31 година, Роми и не-Роми и има за цел да ги спои младите Роми и не-Роми од Албанија, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина и Турција за да ги кршат бариерите заедно. Исто така, семинарот има за цел:


• да разменува искуства за состојбата на Ромите низ различните европски земји
• да им даде можност на младите да го дигнат својот глас и да ја кажат реалната состојба во која тие се наоѓаат
• едуцирање на своите врсници и уривање на митовите за Ромската заедница

• да се зајакне дијалогот помеѓу младите Роми и не-Роми



Профил на учесници:
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 31 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади.
  • Да имаат желба да работат во мултикултурна група.
  • Познавање на англиски јазик, бидејќи формуларот за учество е на англиски јазик.

За да се пријавите:

Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 10-ти Април, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: LBBT 14. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:

Поградец од 17-ти до 25-ти Април 2014 година! * Поградец се наоѓа во Албанија, на брегот на Охридското езеро.


Околу трошоците:

70% од патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: 70 % од патничките трошоци, 100% трошоците за сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците кои што веќе се направени!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!