Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар кој што се оддржува во Сребреница за време на маршот на мирот од 9-ти Јули до 12-ти Јули 2014 година. Семинарот има за цел да врши едукација на учесниците во областа на човековите права и да ги запознае учесниците со ужасите на модерните геноциди, со посебен акцент на геноцидот во Сребреница.