Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар кој што се оддржува во Сребреница за време на маршот на мирот од 9-ти Јули до 12-ти Јули 2014 година. Семинарот има за цел да врши едукација на учесниците во областа на човековите права и да ги запознае учесниците со ужасите на модерните геноциди, со посебен акцент на геноцидот во Сребреница.
Бараме двајца или две...
- Активни млади Роми/ки и не-Роми/ки на возраст од 18 до 27 години!
- Да имаат желба да работат во мулти-култи групи и да учат за историјата на човековите права и нивното непочитување во човековата историја!
- Да знаат англиски!
Испратете е-маил со дознака BiH14 на info@rromassn.org најдоцна до 25.06.2014. Вашиот е-маил треба да содржи писмо за мотивација и основни податоци за вас. Доколку, имате посебен режим на исхрана или дополнителни потреби, би ве замолиле истите задолжително да ги наведете во е-маилот.
Кога се оди за Босна и Херцеговина?
Сите учесници треба да пристигнат во Сребреница на 09.07.14, а ќе се вратат на 12.07.14.
ТИЕ ќе бидат покриени од страна на организаторите*. Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: Патните трошоци, сместување и храна!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!