Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, February 26, 2015

Youth in Action!- Интернационална размена во Берлин за Едерлези 2015

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на своите членови на интернационалната размена „Youth in Action!“, која што ќе се оддржува во Берлин од 01-ви до 11-ти Мај 2015 година.

Оваа меѓународна размена на млади создава неограничен простор на креативност за 30 млади Роми и не-Роми од 5 земји (Македонија, Турција, Италија, Бугарија и Германија). Во текот на 11 дена, младите луѓе ќе се создадават своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.

Обуката ќе се стреми кон тоа да докаже дека преку употребата на креативни методи, соработката помеѓу Ромите и не-Ромите е можна и реална. Употребувајќи ја креативноста на младите како алатка се промовира меѓукултурен дијалог, анти-расизам и вклучувањето на малцинствата во општеството. Самите учесници се во центарот на вниманието во оваа размена, вклучувајќи се со свои идеи, интереси и вештини, ставајќи го фокусот на процесот на учење и креативност.

Специфичните цели се:

- да се зајакнат лидерските вештини
- да се развијат нови методи на работа со млади преку употребата на креативни алатки
- да се употребат новите вештини во јавност

Исто така, учесниците ќе имаат можност да учествуваат на Едерлези фестивалот во Берлин.


Профил на учесници:
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 25 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади
  • Да имаат желба да работат во мултикултурна група
  • Познавање на англиски јазик
За да се пријавите:

Потполнете го следниот формулар најдоцна до 22-ри март, 23:59 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:

Берлин од 01-ви до 11-ти мај 2015 година!


Околу трошоците:


Патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите според новите правила на Еразмус плус програмата* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: Авионските карти, сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!