Од 4-ти до 12-ти декември, РРОМА е домаќин на меѓународната младинска размена со наслов "Telo jek Kham - Under the same sun" . Размената се оддржува во хотел Кратис, каде што околу 40-тина млади луѓе од 6 европски држави, меѓу кои Македонија, Италија,
Шпанија, Германија, Романија и Турција ќе имаат можност да истражуваат, учаат и пренесуваат информации од областа на човековите права. Исто така, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со историјата на Ромите за време на Втората светска војна, односно научат за Ромскиот геноцид од страна на нацистите.

Резултатите во вид на јавен настан ќе бидат презентирани на 10-ти декември во просториите на музејот на град Кратово, со почеток од 13.30 часот.
Младинската размена се реализира во рамките на програмата Еразмус плус со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.