По завршувањето на проектот на РРОМА со наслов „Under the same sun-Telo jek Kham!“ следеа работилници, кои што беа организирани од страна на самите учесници на проектот.
Предавачите на работилниците проследија информации до учесниците на темата „Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“, изработувајќи своја презентација и употребувајќи методи и алатки од учебникот на Советот на Европа „Right to Remember- A Handbook for Education with Young People on the Roma Genocide“. Беа обезбедени 38 копии од учебникот за учесниците на проектот на РРОМА, во соработка со Европскиот Младински Центар од Стразбург и Одделот за млади при Советот на Европа.
Дел од работилниците се организираа во Скопје, Прилеп и Виница, во соработка со тамошните институции, како што се СОУ Ванче Прке-Виница, Дом Тризла-Прилеп и други.
Присутните на работилниците имаа можност да добијат информации за тоа што претставува Ромскиот геноцид, каква била ситуацијата со Ромите пред, за и по завршувањето на Втората светска војна, што означува 2-ри август во Ромската историја, зошто е важно да знаеме за 16-ти мај 1944 итн.