Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, April 11, 2016

Младинска размена “Zor Romani” - Барселона 2016

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Zor Romani“ која што се оддржува од 15-ти до 20-ти мај 2016 година во Барселона, Шпанија.


Младинската размена има за цел креативно да ги мобилизира и зајакне капацитетите на околу 40-тина млади Роми и не-Роми од 6 европски земји (Шпанија, Македонија, Италија, Албанија, Бугарија и Полска). Учесниците ќе имаат можност да научат за Ромската култура во рамките на светската култура и уметноста, вклучувајќи го сликарството и книжевноста, истражувајќи дела на Пикасо, Веласкес, Сервантес, Федерико Гарсија Лорка и др. Исто така, ќе можат да развијат критички погледи за историјата и влијанието на Ромскиот народ врз модерната светска култура и уметност.

Размената се оддржува во Барселона од 15-ти до 20-ти мај 2016 година.

Профил на учесници:
- Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 16 до 25 години;
- да имаат желба да научат за Ромската култура;
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во група;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
- Работен јазик е англиски!
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Шпанија!

Сместување и патни трошоци:
- Учесниците ќе бидат сместени во хотел во Барселона
- Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите;
- Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до аеродромот Скопје и назад!

За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 15-ти април, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:
Барселона од 15-ти до 20-ти мај 2016 година!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!