Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, May 16, 2016

Се одржа работилница на тема „Антициганизам и Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“

Денес, 16-ти мај во хотел Кратис-Кратово, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација одржа работилница по повод 16-ти мај 1944, денот на Ромското востание. На работилницата учество зедоа млади Роми, волонтери на здружението и учесници од претходни активности на РРОМА.

Во првиот дел од работилницата, активно се дискутираше за тоа што претставува антициганизмот и какви опасности носи за модерното општество, додека пак во вториот дел младите се запознаа со повеќе детали за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. 


Од особена важност беше информацијата за 16-ти мај 1944 година, денот кога нацистите почна да го планираат "конечното решение" за "Циганскиот камп" во Аушвиц. На затворениците на кампот им беше наредено да останат во бараките и тие беа опкружени со 60 СС војници. Но, тогаш тие се соочиле со бунт од страна на мажите, жените и децата, вооружени со ништо повеќе од стапчиња, алатки и камења. И на крајот СС војниците мораа да се повлечат. Отпорот од страна на Ромите им дал само неколку дополнителни месеци на живот и на 2-ри август 1944 година останатите 2897 мажи, жени и деца биле натоварени на камиони, однесени во гасната комора V и убиени. Нивните тела беа запалени во боксот до крематориумот. По ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц во 1945 година, бројот на преживеани Роми беше само 4.





Како дел од работилницата, учесниците имаа можност да го погледнат документарецот „Dui Rroma“. Документарецот е посветен на преживеаниот Синти Хуго Хеленрајнер, кој што на 9-годишна возраст ги преживува ужасните експерименти на Др.Менгеле во Аушвиц.

На крај, учесниците заклучија дека ваквите информации и работилници се корисни, но и дека треба да се работи на вклучување на ваквите информации во наставните учебници и наставната програма да вклучува активности со цел подигање на свеста за холокаустот и Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна.