Млади од шест Европски држави (Полска, Бугарија, Албанија, Македонија,
Италија и Шпанија) присуствуваа на младинската размена која се случуваше од 8-ми до 13-ти јуни во
Барселона. Младинската размена обедини повеќе од 26 учесници со
различни културолошки идеологии и погледи кон светот.
За време на размената младите од Европа имаа можност низ призмата на културолошкиот
идентитет на државата која што ја претставуваат да допрат до различностите кои што
ги опкружуваат со особен акцент на културните особености и значајности на секоја
држава поединечно. Користејќи се со алатката „ Споделување и проучување “ имаа можност преку презентација да отсликат
културно и уметничко наследство кое што има примеси на Ромска уметност и
влијание во светски рамки. Меѓу позначајните ликови за кои се продискутираа беа
Салвадор Дали, Лопе Де Вега и еден од светски познатите ликови Гауди.
Антициганизмот, расизмот и
моменталната ситуација со Ромите ширум Европа беа предмет на дискусија кај
младите во текот на преостанатите денови од младинската размена.
Учесниците
имаа можност да допрат до сржта на уметноста која е затаена во Барселона, а
која е создадена од врвни мајстори.