Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, August 16, 2016

Повик за учество на обуката во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“

РРОМА објавува повик за учество на меѓународната обука, која што се оддржува во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
- институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
- корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.

Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).


Првата активност од проектот во вид на меѓународна обука ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 25 август до 1 септември 2016


Можат да се пријават:
- млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години;
- младински работници, социјални работници, волонтери заинтересирани за темата и проектот ...
- работен јазик е англискиот!

Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 22 август (18.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за YEA!
Сите трошоци поврзани со обуката се покриени од страна на организаторот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!