Од 6 до 12 март 2017 година во Хотел Кратис, здружението РРОМА беше домаќин на мобилноста во рамките на проектот„Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“ кој што е поддржан од програмата Еразмус плус на Европската комисија (2016-2-DE04-KA205-014322). Проектот е дел од билатералното стратегиско партнерство помеѓу Амаро Форо од Берлин и РРОМА од Кратово.
Младите учесници на просечна возраст од 18 години имаа можност да слушнат за активностите на организациите во областа на зајакнување на младите Роми и да споделуваат свои размислување за младите Роми и нивното учество во општеството. А, низ практичните работилници за време на семинарот, учесниците се запознаа со концептите за идентитет и граѓанство, дискриминација и споделуваа свои искуства и мислење.
Работа во групи „Визуализирање на младите Роми - Кои се тие?“ |
Исто така, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за инклузија, човековите права, Ромската историја и култура, вклучувајќи делови за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна и антициганизам.
Презентација на Амаро Форо - Берлин |
Учесниците беа поканети да присуствуваат на годишното собрание на РРОМА, кој што се оддржа на 11.03, како споделување на добра пракса на Ромските младински организации (http://www.rromassn.org/2017/03/2017.html)
Презентација од страна на учесниците |
Мобилноста заврши со споделување на свои идеи за активности и потреби за обуки, работилници и поддршка.
Младата Ромка |
Во периодот од април до октомври 2017 година, РРОМА ќе организира едно- и дводневни работилници на темите кои што ги наведоа учесниците на мобилноста. Во јуни 2017 ќе следи втората мобилност која што ќе се оддржува во Берлин, Германија.
Дел од учесниците со своите сертификати |
Ова билатерално партнерство со Амаро Форо од Берлин има за цел да го зголеми учеството на младите Роми во европските образовни програми и мобилности, како и во неформалното образование. Проектот ќе им овозможи на учесниците да научат, споделат и разменат искуства од областа на неформалното образование, но и да зајакнат како активни граѓани во борбата против расизмот, ксенофобијата и антициганизмот во модерните општества.