Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше со претставници од Македонија на настанот за оддбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна. Настанот се оддржа од 29 јули до 4 август во Краков, Полска.
Настанот се организира од 2010 година од страна на интернационалната Ромска младинска мрежа ternYpe (http://ternype.eu/) како иницијатива за сеќавање на Ромскиот геноцид, односно 2 август (http://2august.eu/). Низ годините, настанот успеа да прерасне во традиционално младинско одбележување и сеќавање на Ромскиот геноцид, каде што секоја година млади од 10 земји во просек учестуваат во работилници и едукативни настани во Краков и посети на музејот Аушвиц и комеморацијата во Аушвиц-Биркенау.
Учесниците на комеморацијата со фасилитаторите Срѓан Амет и Сибел Ли и претставникот на младинскиот оддел на Советот на Европа Денис Дурмиш |
Едукативната програма за 2017 година се состоеше од 10 работни групи под водство на 2 фасилитатори. Учесниците во работните групи имаа можност да се запознаат и дознаат повеќе за ужасите од страна на нацистите, геноцидот, антициганизмот во модерното време, како и важните датуми 2 август 1944 и 16 мај 1944, но и како да се сеќаваме на 2 август и да превземеме акција во борбата против расизмот.
Еден ден беше посветен за посета на музејот Аушвиц и Аушвиц-Биркенау каде што учесниците низ 7-часовна едукативна тура добија информации за концентрациониот логор и ја посетија изложбата посветена на Ромите во барака бр.13. Исто така, го посетија Аушвиц-Биркенау, односно имаа можност да го видат т.н. Камп на циганските фамилии и да ги посетат остатоците од крематориумот бр.5 каде што ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, 2897 Ромски жени, деца и стари лица беа погубени.

Учесниците во посета на музејот Аушвиц |
Работните групи имаа рефлексија на местото на убиството на Ромите, Крематориум бр.5 |
Дел од учесниците оставија цвеќиња на плочата пред крематориумот бр.5 |
На 2 август 2017, учесниците беа дел од комеморацијата на Ромскиот геноцид. Оваа година имаше над 200 млади Роми и не-Роми од околу 15 европски земји. На последниот ден беа презентирани резултатите од работните групи од страна на учесниците. Учесникот Ќани Ибраим, новинар во 24 Вакти изработи репортажа од настанот, која што можете да ја погледнете подолу. За повеќе информации поврзани со настанот, можете да ја посетите ФБ страната: https://www.facebook.com/DikhHeNaBister/
Учесници на комеморацијата за 2 август |
Dik i na bistar! / Гледај и не заборавај! |
Репортажа на Ќани Ибраим, 24 Вакти: