Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, December 26, 2017

Избор на "најпријателски Ромски градоначалник"

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:
К О Н К У Р С
за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Македонија
Краен рок за поднесување на апликации:

28 февруари 2018 година



Концепт
Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција.

Награда
Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од Ромската недела во април 2018, која што се организира во Брисел од страна на Европскиот парламент. 
Таму ќе имаат можност да присуствуваат на состанок со претставници од Европската комисија и Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување, каде што ќе ги презентираат своите активности и бидат дел од креирање на мрежа на градоначалници кои што работат на Ромска инклузија.
Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Критериуми за учество
На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Македонија. За учество е потребно:
- да ја потполните апликацијата (апликација за избор)
- да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата
- да имате евалуација од страна на Ромската заедница кои што се однесуваат на вашата општина преку алатката за оценување на општините https://romareact.org/survey/
- по завршување на рокот за аплицирање, градоначалниците ќе бидат посетени од страна на организаторите и претставници на комисијата за избор.

Рок за аплицирање
Краениот рок за испраќање на апликациите и документите за поткрепа е 28 февруари 2018 година до 23:59 часот. Документите можат да се испраќаат по пошта на:
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Тошо Куковски бб
П.фах 32
1360 Кратово
или на е-маил: info@rromassn.org со дознака „MRFM“

Објавување на резултатите
Комисијата за избор составена од претставници на коалицијата „KHETANE“ ќе ги соопшти резултатите за избор кон крајот на март 2018.
За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Проектот е финансиран од Европската Унија