Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, November 19, 2012

Повик за учество на ТоТ обука

Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на ТоТ обука за ППИ и заштита од ХИВ/СИДА

Thursday, November 8, 2012

Повик за учество на обука

Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на обука за креативност и водење на креативна кампања.

Thursday, November 1, 2012

Номинации за изборот на НАЈИСТРАЈНА РОМСКА ЖЕНА 2012

Во рамките на проектот „Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација распишува конкурс за номинации на НАЈИСТРАЈНА РОМСКА ЖЕНА 2012.

Изборот има за цел да ја покаже реалноста со која се соочуваат Ромските жени и девојки, но и да ја промовира нивната истрајност и аспирации за успех.


Monday, October 15, 2012

Open Contest 2012: “React and Make a Change (in a life of Roma)“!

Donated by Neelie Kroes, Vice President of the European Commission in Charge of the Digital Agenda of Europe. 
  • Win prizes and great surprises!
  • Learn new skills & Stir up changes in your community!
  • Share your ambitions and your reality!
  • Challenge stereotypes and influence others!
  • REACT to what is important to You! Your opinion matters!
Prizes in each category:
  • 1st – 500 Euros + plane ticket, hotel and a fancy dinner and party with the heroes of RomaReact
  • 2nd – 250 Euros
  • 3rd – 100 Euros


Thursday, October 4, 2012

Втора инфо-средба за „Млади во Акција“ во Берово

На 29-ти Септември 2012 година, во просториите на центарот за социјални работи во Берово се оддржа втората инфо-средба за програмата „Млади во Акција“ и можностите кој што истата програма им ги нуди на младите.

На средбата присуствуваа млади кои што беа заинтересирани да дознаат повеќе за под-акциите на оваа програма.

Засега, младите можат да аплицираат на под-акциите 1.1 (Младински размени), Акција 2 (Европски Волонтерски сервис) и 4.3 (Обука и Вмрежување).

Самата програма нуди можности за младите да патуваат, разменуваат искуства, учат за различни култури и да ги изградат своите капацитети од областа на неформалното образование.

Thursday, August 30, 2012

Оддржана инфо средба за програмата „Млади во Акција“

Вчера во просториите на општина Кратово се оддржа првата информативна средба за можностите кои ги нуди програмата „Млади во Акција“.

На средбата присуствуваа млади кои што беа заинтересирани да дознаат повеќе за под-акциите на оваа програма.

На средбата, младите имаа можност да поразговараат со Мерџан Јакупов, претседател на здружението „Амаро Форо“ од Берлин, Германија. Тој, накратко има објасни повеќе за EVS, споделувајќи информација дека во неговата организација има место за EVS волонтер од крајот на оваа година.

Засега, младите можат да аплицираат на под-акциите 1.1 (Младински размени), Акција 2 (Европски Волонтерски сервис) и 4.3 (Обука и Вмрежување).

Самата програма нуди можности за младите да патуваат, разменуваат искуства, учат за различни култури и да ги изградат своите капацитети од областа на неформалното образование.


Заинтересираните лица можат да добијат повеќе информации во просториите на РРОМА секој ден од 14.00 до 16.00 или на телефонскиот број 031/481-189.

Исто така, можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org или да кликнете на следниов линк.


Акција 2 EVS

Акција 2 - Европски Волонтерски Сервис

Цели

Целта на Европски волонтерски сервис (ЕВС) е да се развие солидарноста, и да се промовира активно граѓанство и взаемно разбирање помеѓу младите луѓе.

Што е ЕВС ?

Програмата Млади во Акција, преку Акција 2 - Европски волонтерски сервис – ЕВС поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат:

    * подобра мобилност,
    * можност за меѓу – културно учење,
    * активна социјална партиципација,
    * личен и професионален развој,
    * можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.

Зашто да се биде волонтер?


Волонтерството е еден од најефикасните инструменти за неформално учење на младите луѓе. Преку волонтерството младите луѓе на неформален начин се здобиваат со нови знаења и вештини. Истовремено имаат можност да се соочат со различни меѓу – културни предизвици и да се здобијат со нови лични искуства, проширување на нивните видици, можност да научат повеќе за себеси и пред се да се развијат во здрави личности. Волонтерската работа има позитивен ефект кај волонтерите но истовремно работата и услугите на волонтерите придонесуваат за развој на општеството, локалната заедница каде се одвива волонтерската работа, организациите и најважно од се допринесуваат за самиот проект.

Причини зашто да се волонтира:

    * Зголемување на јавната свест;
    * Учење преку работа/обука;
    * Здобивање/стекнување на самодоверба;
    * Откривање на сопствените таленти;
    * Градење/создавање на разум/чуство на независност;
    * Зголемување на личните социјални контакти;
    * Развивање на вештини;
    * Здобивање со работно искуство;
    * Зголемување на можностите за професионален развој;
    * Развој на работни вештини и поголема конкурентност при наоѓање на работно место;

Што претставува Европски волонтерски сервис?

Европски волонтерски сервис им овозможува на младите луѓе да вршат волонтерска служба за период до 12 месеци во земја различна од земјата во која престојуваат. Со неа се поттикнува солидарноста помеѓу младите луѓе и претставува вистинска ‘служба за учење’. Покрај тоа што локалните заедници имаат придобивки, волонтерите учат нови вештини и јазици, и откриваат нови култури.

Проектот за Европски волонтерски сервис има три фази:

    * Планирање и подготовка
    * Спроведување на активноста
    * Евалуација (вклучително и размислување за последователни активности).

Неформалните принципи и практики за учење се одразуваат во текот на проектот.

Еден проект за Европски волонтерски сервис може да биде фокусиран на разни теми и области на интервенирање, како што се култура, млади, спортови, социјална заштита, културно наследство, уметности, цивилна заштита, животна средина, развојна соработка, итн. Високо ризични интервенции во пост-конфликтни ситуации (на пр: хуманитарна помош, помош при непогоди, итн.) се исклучени.

Планирана е за спроведување на една активност за Европска волонтерска служба.

Активноста за Европски волонтерски сервис се состои од три основни компоненти:

Служба: домаќин на волонтерот е промотор во земја различна од земјата од која доаѓа волонтерот, и волонтерот врши волонтерска служба која е од корист за локалната заедница. Службата не се плаќа, нема за цел остварување на добивка, и се одвива со полно работно време.

ЕВС Циклус на обука и евалуација: промоторите вклучени во ЕВС активноста мора да се осигураат дека секој волонтер зема учество во:

- обука пред заминувањето

- обука при пристигнувањето

- среднорочна евалуација (за служба која трае повеќе од 4 месеци)

 - евалуација на активноста.

Сите курсеви за обука мора да бидат во согласност со Насоките и минималните стандарди за квалитет утврдени од страна на Комисијата; деталите може да се најдат на веб страната на Европската Комисија.

За повеќе информации за ЕВС Циклус на обука и евалуација, упатете се на делот 'Дополнителни информации за ЕВС' подолу.

Тековна поддршка за волонтерите: промоторите мора да обезбедат лична поддршка, поддршка во однос на задачите, јазична и административна поддршка за секој волонтер кој е вклучен во активноста.

За повеќе информации, упатете се на делот 'Дополнителни информации за ЕВС' подолу.

ЕВС активноста која вклучува млади луѓе со помали можности, вклучува специфични елементи за да се обезбеди сигурност дека адекватна поддршка е обезбедена за волонтерите.

Согласно на бројот на вклучени промотори и волонтери, ЕВС активноста може да се дефинира како индивидуална или групна ЕВС активност:

- Индивидуална ЕВС активност: 1 волонтер испратен од организацијата што испраќа во една организација домаќин.

- Групна ЕВС активност: до 10 волонтери се испратени од една или неколку организации кои испраќаат, во една или повеќе организации домаќини. Карактеристична особина за ЕВС активноста е дека волонтерите ја вршат својата служба во истата временска рамка, а задачите кои ги исполнуваат се поврзани со заедничката тема. Групната ЕВС активност може исто така да биде поврзана со конкретен настан; во овој случај за активноста е потребно цврсто партнерство со телото кое го организира настанот, а задачите на волонтерите мора да се однесуваат на тој настан.

ЕВС Повелба

ЕВС Повелбата ги истакнува улогите на секој промотор во рамките на ЕВС проектот, како и главните принципи и минималните критериуми за квалитет, кои мора да се исполнуваат во рамките на еден ЕВС проект. Секој ЕВС промотор мора да се придржува на одредбите кои се утврдени со оваа Повелба.

Промоторите одлучуваат заедно – согласно на оваа Повелба – како да се споделуваат задачите и одговорностите, и грантот во рамките на секоја активност од ЕВС проектот. Овие поделби се формализирани преку Договор за ЕВС активност помеѓу промоторите.

За повеќе информации за ЕВС Повелбата и ЕВС Договорот за активноста, упатете се на програмскиот Водич за Програмата Млади во Акција, дел 'Што друго треба да знаете за ЕВС?' кој можете да го најдете на следнава адреса: http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc443_en.htm

Што не поддржува Европски волонтерски сервис

    * Привремено, неструктурирано, волонтирање со скратено работно време
    * Практикантска работа во претпријатие
    * Платена работа; не смее да биде замена за платена работа
    * Рекреативна или туристичка активност
    * Курс за јазик
    * Искористување на ефтина работна сила
    * Период на студирање или стручна обука во странство