Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, December 23, 2010

Условен паричен надоместок за средношколците од социјално загрозени семејства


„Стартува аплицирањето за условен паричен надоместок за средношколците од социјално загрозени семејства

Министерот за труд и социјална политика, го најави почетокот на реализација на мега проектот за условен паричен надоместок за средно образование. Сите корисници на социјална парична помош што имаат деца запишани редовно во средно училиште ќе можат да аплицираат во центрите за социјални работи за условен паричен надоместок од илјада денари месечно. Средства ќе добиваат и корисниците на социјална помош чиешто право е во мирување заради ангажирање во јавни работи.

- Преку директно давање на паричните надоместоци на учениците ќе се обезбеди надминување на таканаречениот процес на меѓугенерациска сиромаштија, со тоа што со завршување на средно образование младите ќе добијат можност за подобар старт во општеството на секој план. Ова секако дека е подолгорочен процес, па затоа е предвидено Програмата да трае до 2014 година, појасни на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика

Децата ученици, за да го добиваат условениот паричен надоместок ќе треба редовно да ја посетуваат наставата во средните училишта, што ќе се докажува со белешки за редовност издадени од соодветни средни училишта.

- Децата потенцијални корисници, треба да имаат завршено основно образование, вообичаено на 14 години и да не се постари од 17 години на денот на запишување односно во случај на дете со попреченост да не се постари од 25 години, додаде Бајрами.

Врз основа на наведените услови Центрите за социјални работи ќе издаваат решенија за остварување на условениот паричен надомест, а првите надоместоци се учекуваат да бидат исплатени во декември годинава. Проценка на министерството е дека средства би требало да добијат околу 15 илјади средношколци коишто се од семејства корисници на социјална помош.

Средствата за оваа намена, додаде министерот Бајрами, веќе се обезбедени преку кредит што Светската банка и го одобри на Македонија во висина од 25 милиони долари.“
Информацијата е превземена од тука