Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, December 17, 2010

РРОМА трибина во Пробиштип ...

Во Сабота на 11.12.2010 година во Пробиштип се одржуваше последниот настан од серијата на мини-проектите на РРОМА на тема: Мотивирање и информирање на СИТЕ за придобивките од високото образование“.

На оваа трибина, младите имаа можност да слушнат повеќе за Значењето на образованието во градењето на личната кариера (предности и недостатоци); Можностите кои ги нудат различните факултети во нашиот регион и воедно и критериумите кои треба да се исполнуваат при запишување во високото образование; Стипендиите, кредитите, полесните вработувања во иднина, како мотиватори за високо образование и да дебатираат за значењето на образованието во градењето на кариерата.