Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, December 6, 2010

Важноста на образованието во Кратово!

РРОМА продолжи со имплементацијата на мини-проектите кои што беа изготвени од страна на членовите на РРОМА. На 2-ри Декември, во Кратово се реализираше работилница со наслов „Информирање и мотивирање на младите за значењето и имањето на Средното образование“.

Работилницата беше организирана и водена од младите членови на РРОМА од Кратово, Велес и Пробиштип. Целна група им беа ученици од основното училиште „Кочо Рацин“, односно ученици од V до VIII одделение, без разлика на етничката припадност.


Учениците имаа можност да слушнат за тоа колку е важно образованието, што претставува тоа за нас, како ни помага во градењето на кариери, но и да се информираат за различните стипендии.

Покрај информациите, тие уживаа во креативните игри подготвени од страна на фасилитаторите. Членовите на РРОМА навистина се надминаа себеси во креирањето и водењето на оваа работилница. Честитки до нив!