Не гледај од страна! Учествувај!

Wednesday, December 1, 2010

Започна реализацијата на мини-проектите на РРОМА

На 27.11.2010 година во Берово започна реализацијата на мини-проектите на младите членови на РРОМА. Целта на овие мали активности е младите да научат сами да подготвуваат предлози, прават нацрт-буџети и да го имплементираат одобреното.

Претходно беше распишан конкурс за идеи, кои важеше само за членовите на РРОМА. Откако беа собрани сите предлози и се формираа тимовите за реализација, започна имплементацијата на истите.

Први беа младите од Берово, кои со својата работилница насловена „Информирање за значењето на образованието и продолжување на високото образование“ се обидоа на своите врсници да им пренесат порака за важноста на образованието. Тоа го направија со готови статистики и сликовити примери од секојдневниот живот, кои што развија дебата помеѓу присутните.


Наредната работилница е во Кратово на 03.12.2010 година, а на 04 и 05 Декември работилници ќе има и во Велес, каде што членовите на РРОМА ќе начнат една многу интересна тема „Активно лидерство преку креативност“.

Реализацијата на работилниците ќе заврши во Пробиштип на 11.12.2010 година, а на 15.12.2010 година ќе следи презентација на официјалната прослава од три години постоење на РРОМА.