Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, December 26, 2017

Избор на "најпријателски Ромски градоначалник"

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:
К О Н К У Р С
за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Македонија
Краен рок за поднесување на апликации:

28 февруари 2018 година


Sunday, December 17, 2017

Заврши младинската размена "The Intercultural Journey"

30 млади од 6 европски земји зедоа учество на младинската размена "The Intercultural Journey" која што се оддржа во хотел Кратис, Кратово.

РРОМА има 10 години!

Пред 10 години ... Започнавме регионално. Образувавме млади. Се препознававме по акција. Не гледавме од страна. Учествувавме!
Денес...
Напредувавме. Се развивавме. Го кршиме циклусот на вообичаеното. Се пробиваме. Стануваме своја сила! 
На 15 декември 2017 година, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово го прослави 10 роденден.

Monday, November 20, 2017

РРОМА има нов младински волонтер!

Во периодот што следи со РРОМА ќе работи новиот младински волонтер Надир Усеин. Надир ќе работи заедно со нас на исполнување на нашата мисија, а пред се на тоа младите да бидат млади и да уживаат во можностите кои што им ги нуди РРОМА!
Во прилог следи кратко претставување од страна на Надир :)

Thursday, November 16, 2017

Повик за младинската размена "The Intercultural Journey"

РРОМА објавува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации од областа на вработувањето, односно младите да се подготвуваат како да се соочуваат со „суровата“ реалност за барање работа, подготовки на CV и интервјуа.
Но, исто така преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Шпанија, Романија, Италија и Литванија).

Wednesday, November 15, 2017

Средба со министерот Самка Ибраимоски

Претставници на организациите-членки на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ на 14 ноември оддржаа работен состанок со Министерот Самка Ибраимоски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Се оддржа работен состанок на коалицијата во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“

Од 10 до 13 ноември 2017 година во хотел Тино во Охрид се оддржа работен состанок на коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.