Типичен Ром?
Млечен пат, планета Земја, 2010 години по раѓањето на Исус. За само сто години човештвото успеа да ја удвои бројноста на населението, онаа истата за која и требаа стотина илјадници години, а се очекува тројно зголемување во наредните 20 години. Сликата е дополнително запрепастувачка - човекот упорно пласира сé подеградирачки процеси, во целост контрадикторни со принципите на одржливиот развој. Апсорпционата моќ на планетата е исцрпена. Земјата нема капацитет да се справи со глупавоста на овој заспан род.
Југо-Источна Европа, Македонија, на само неколку години пред изумирањето на човештвото. Во таа планетарна слика јас, уште една единка несвесна за својот пропаст. Абориџин, банту, саудиец, еским, индијанец ... која разлика?! Ром. Да. Ром роден во Македонија, често девалвиран, дискриминиран, запоставуван, закануван, малтретиран, избегнуван. Зар само јас? Учев, вложив во себе, не потклекнував, напредував. Еве ме во обединети нации, учествувам во градењето национални политики. Ако не тука, истото ќе го правам во Буџимбура, Источен Тимор, Коста Рика. Зар ќе ме прашаат дали сум ром, македонец, абориџин или банту?

Планетата се наоѓа пред комлетен колапс. Човештвото е веќе одамна ориентирано кон глобалниот пристап. На ова парче мала територија е девалвирачки да се говори за национална припадност. Тоа што сум роден тука и роден како ром не значи дека сум величествен или беден. Јас сум само една единка од деструктивното општество а сепак во обид да допринесам за зачувување на планетата и создавање подобри услови за идните генерации. Со таа визија не се појавувам како ром, абориџин, еским, индијанец или македониец.
Ако типичниот ром не поседува ваква визија тогаш јас не сум типичен ром, ниту пак посакувам да бидам. Ако типичниот човек не поседува таква визија, тогаш не сум ни човек, никогаш и нема да постанам.
Самир Мемедов
Февруари, 2010 година