Типичен Ром?
Слушај.... Ја чувствуваш ли? Музика ..... Можам да ја слушнам на секаде. Ветрот, воздухот, светот.... Музиката е насекаде околу нас, едноставно се што треба да направиш е само да слушаш. Понекогаш светот се обидува да го истера од тебе тоа задоволство, но јас верувам во музиката како што некои луѓе веруваат во бајки. Музика ..... збор составен од шест букви. Шест зраци од сонцето сјаат како никогаш досега. Збор со посебно значење, збор со специфична моќ, да ги сплоти нашите срца во едно, да се соедини со нашите тешкотии и да ги утеши нашите напатени души, а и секогаш тука за да ја сподели радоста.
Тоа сме ние Ромите ...... Распрскани, расфрлани насекаде низ светот и секој е приказна за самиот себе. Приказна која многу често боли, остава длабоки траги во нечии срца. За нас Ромите знаат да речат: крадливци, лажливци мрзливи, глупи, неписмени, нечисти, и што ли уште не? Зборови кои со себе носат претешко значење, претежок товар кој би можеле да го поднесеме, голема препрека за да ја премостиме. „Пет денари Ве молам“ зборови кои секојденвно ги слушаме. Зборови кои длабоко одѕвонуваат во моите уши. Да така е, тие мили детски очиња со оној специфичен сјај и топлина во нив, кажуваат многу повеќе за нивниот суров живот отколку илјада зборови. Нечистите детски рачиња кои бараат милостина, гласно говорат за нивната силна борба за преживување. Дали некогаш сме се запрашале зошто е тоа така? И дали некогаш сме помислиле дали и како би можеле да ја тргеме она грда слика која ја имаат за нас Ромите? Дали таа таа интеграција и социјализација што постојано ни ја нудат, е вистинското решение за нашиот народ? Колку тие навистина не познаваат за да ни понудат излез, и дали искрено го сакаат тоа?
Нашиот народ знае што му треба, знае дека неговите деца заслужуваат подобра иднина. Но едноставно не може да им го овозможи тоа. Немаат простор за тоа, бидејќи животот на повеќето од нас е исполнет со борбата за опстанок, за преживување.....
Дали постои начин да им покажеме на другите, а и самите себе да си докажеме дека тоа сме едноставно ние.... Типични Роми! Народ со богата традиција, историја и непресушна желба за живот. Народ кој знае и може. Ние не сме крадливци, лажливи, мрзливи, ниту пак нечисти. Нам не ни требаат големи брда и полиња, нам не ни треба раскош. Доволно е небото полно со ѕвезди, бујната мека зелена ливада, вечерниот оган, тоа е нашето богатство. Тоа е храната за нашите типични ромски души.
И уште многу други прашања кои посочуваат на еден единствен одговор и излез од ситуацијата.
Луѓе, браќа..... тоа е книгата, образованието, тоа е нашиот широк отворен прозорец кон иднината. Тоа е единствениот пат кој не води до хоризонтот во кој би заблескале поживи бои, во кој силно свети поубавата иднина за нашиот ромски народ, за тие мали дечиња, за напатените мајки, и измачените снаги на нашите татковци.........
Повторно таа е тука и ќе остане вечно заедно со нас, да не води, да не теши, да не развесели и да не соедини. Музиката е насекаде околу нас. Се што треба да направиш е само да слушаш.
А тука е на крај се разбира и онаа старата: Господе! Те молам, ако уште еднаш го создаваш светот направи место и за нас Ромите !!!

Фатош Усаинова
Студент на Економски факултет-I година