На 30.11.2011 беше објавено дека Ромската Регионална Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, заедно со своите партнери РАА-Албанија, ЕРГО-Белгија, Интегро-Бугарија и Едром-Турција се добитници на грант за зајакнување на жената поддржан од ИПА-програмата на Европската комисија.
РРОМА заедно со своите партнери ќе спроведуваат две-годишна кампања за зајакнување на Ромската жена во општеството. Конкретно, во Македонија РРОМА својата кампања ќе ја спроведува во општините Штип, Велес, Кочани, Виница, Берово, заедно со Пехчево и Црник.
Базирајќи се на својот пристап на креативно истражување со употреба на веб 2.0 алатки, РРОМА ќе се концентрира на проблеми како што се: Слободата на избор кај Ромските девојки, Полова еднаквост внатре во Ромските семејства, Семејно и насилство во врска, малолетнички бракови, учество на Ромките во јавниот живот, планирање на семејство и стапката на вработеност кај Ромските жени.
Проектот започна со фаза на подготовка, во која што ќе бидат креирани локални фокус групи за работа, чии што капацитети ќе бидат подигнати со обуки. Новост е што секоја фокус група ќе биде водена од т.н. Агентка на промена, која воедна треба да биде пример и мотивација за другите. Агентките на промена се членки на РРОМА, кои што веќе поминале низ одреден вид на обуки и ќе им помагаат на локалните фокус групи.
Официјално кампањата ќе започне на 1.Јуни, 2012 во Брисел, каде што младите Ромки од Македонија заедно со останатите партнери ќе имаат средби и активности со личности од Европските институции.
РРОМА својата кампања ќе ја започне со истражување за стапката на вработеност кај Ромската жена и половата еднаквост во Ромските семејства. Паралелно, со тоа ќе има и дигитална кампања која што ќе се вика „ Јас реагирам ...“.