Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалната обука "Take Action!", која што ќе се оддржува во Кошице од 26-ти Септември до 5-ти Октомври 2013 година. Обуката има за цел да ги зајакни капацитетите и лидерските вештини кај младинските лидери и младински работници кои што работат во областа на интеркултуралниот дијалог.
Обуката ќе се стреми кон тоа да докаже дека преку употребата на артистички методи, соработката помеѓу Ромите и не-Ромите е можна и реална.
Профил на учесници:
Место на оддржување:
Кошице од 26-ти Септември до 5-ти Октомври 2013 година!
Околу трошоците:
70% од патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
Обуката ќе се стреми кон тоа да докаже дека преку употребата на артистички методи, соработката помеѓу Ромите и не-Ромите е можна и реална.
Специфичните цели се:
- да се зајакнат лидерските вештини
- да се развијат нови методи и артистички вештини со креативни алатки
- да се употребат новите вештини во јавност
Обуката ќе ги предизвикува учесниците да станат подобри и подобро да ја работат својата работа, истовремено развивајќи нови вештини и откривајќи ги своите лидерски способности!
- Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 27 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади
- Да имаат желба да работат во мултикултурна група
- Задолжително познавање на англискиот јазик
За да се пријавите:
Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 15-ти Септември, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: Take Action 2013. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Кошице од 26-ти Септември до 5-ти Октомври 2013 година!
Околу трошоците:
70% од патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!
*Трошоци кои се покриваат се: 70 % од Авионските карти, сместување и храна!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!