Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, May 8, 2014

Повик за учество на стрип работилница 2014


Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на стрип работилница


Кој може да земе учество?

Можат да земат учество сите заинтересирани млади од 16 до 25 години. Бројката на учесници е ограничена.



Како да се пријавите?

Испратете го следниот формулар најдоцна до 14-ти Maj 2014 (среда) на следниов е-маил:info@rromassn.org со предмет: Стрип 2014

* Откако ќе кликнете на линкот, за да може да го симнете и потполните формуларот, кликнете на File и одберете Download или CTRL+S

Работилницата ќе се оддржи на 17-ти и 18-ти Мај 2014 година во Кратово. 

Сите изработени стрипови од страна на учесниците ќе бидат објавувани од страна на РРОМА, а сите учесници ќе добијат копија од својот стрип!

Се цртаме во Кратово!