Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, July 3, 2014

Повик за учество на младински проект во Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за своите членови за учество на младинскиот проектот „Thaj amen sijam sar tumen“. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.



Бараме ...
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 26 години
  • Да имаат желба да работат во мулти-култи групи
  • Да поседуваат „уметнички“ или „истражувачки“ вештини, односно да сакаат да работат во групи за стрипови, видео, медиуми и интернет
  • Да бидат подготвени за дружење и добра забава со младите од Германија и Чешка
  • Да сакаат да научат за геноцидот
  • Да знаат англиски!
 Како да се пријавите?

Испратете го следниот формулар на: info@rromassn.org најдоцна до 15-ти Јули, 23:59 часот, ставајќи предмет на е-маил: Polska 2014. Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Кога се оди во Полска?

Сите учесници треба да пристигнуваат во Полска на 28.07.14, а ќе се вратат на 04.08.14!

А, трошоците ...!?

ТИЕ ќе бидат покриени од страна на организаторите! Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување, како и да си ги покриете трошоците до Кратово, односно местото на поаѓање!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!